Петрова алармира – ДУИ и СДСМ штимаат бројки и го кријат вистинскиот јавен долг

Петрова алармира – ДУИ и СДСМ штимаат бројки и го кријат вистинскиот јавен долг

Јавниот долг на Македонија изнесува 62,1 проценти , а не 58, 4 од бруто домашниот производ. СДСМ и ДУИ преку министерот за финансии Бесими, манипулираат со точните податоци за јавниот долг и буџетскиот дефицит за 2023 година и со тоа директно го прекршиле законот за Буџет. Заменик министерката за финансии Петрова алармира, дека бројките од Државниот завод за статистика за јавниот долг, не коренсподираат со оние кои ги објави Министерството за финансии и дека засега не добила одговор од министерот на нејзиното барање да бидат објавени точните податоци.

„Врз основа на објавата на официјалните бројки за номиналниот Бруто домашен производ за 2023 година од страна на Државниот завод за статистика се утврдува учество на јавниот долг во БДП од 62,1%, а не 58,4%, од БДП колку што е во официјалните извештаи на Министерството за финансии. Интервенирав до надлежниот сектор во министерството, да ги смени бројките Министерот за финансии, бидејќи податокот за БДП за 2023 година е објавен. По мојата интервенција, податоците на министерството не се променети и исто така не добив никаков одговор на пишаното барање, од што заклучувам дека Министерот за финансии не сака да ги објави точните податоци за учеството на јавниот долг во БДП на крајот од 2023 година и за буџетскиот дефицит“, рече заменик министерката за финансии Петрова.

Петрова рече дека бројките од Државниот завод за статистика за јавниот долг не коренсподираат со оние кои ги објавиле од Министерството за финансии и дека засега не добила одговор од министерот на нејзиното барање да бидат објавени точните податоци.

Петрова рече дека СДСМ и ДУИ покажале на дело дека немаат никаква намера да го стабилизираат јавниот долг и дека истиот е штетен за иднината на Македонија и дека со нивното расипнично трошење и корпуција во јавните набавки, се нарушени надворешните позиции на државата.

Петрова додаде и дека СДСМ и ДУИ за 2,5 месеци во 2024 година ја задолжиле Македонија за нови 237 милиони евра, дека владата на СДСМ и ДУИ не владеле спопред општите принципи на одговорно фискално управување и дека ваквата фискална политика ќе влијае лошо на благосостојбата и на идните генерации и дека ја втурнале Македонија во фислакна провалија.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста