Дрин Ахмети си ја продаде Соравиа на иселеник Албанец кој му позајми пари, Обвинителство уште не мрднува со прст

Дрин Ахмети си ја продаде Соравиа на иселеник Албанец кој му позајми пари, Обвинителство уште не мрднува со прст

Додека обвинителство не презема ништо, ТЦ Соравиа од рацете на внукот на Али Ахмети оди кај компанијата Тексас американ интернешнл холдингс на иселеникот од Ресен Ник Мехмети кој има стриптиз барови во Тексас. Компанијата на внукот Дрин Ахмети,  Тор индистрис, преку соопштние извести за новата сопственичка структура.

Цела година обвинителствто за Организиран криминал тапка во место со предистрагата како Дрин Ахмети лани успеа да стане соптвеник на милионски капитал, без да вложи денар туку со банкарски позајмици.

На последниот брифинг со новинарите шефот на организиран Ислам Абази не кажа ништо ново за предистрагата, а денеска обвинителката што го водела счулучајот била на судење, па немала време да дава одговори, информираат оттаму. Претходно, известуваа дека постапуваат, но обе4мна и сложена била документацијата.

Обвинителството се обрати до МВР, каде два сектора постапуваат по обвинителска наредба. Вклучени се и Управата за финансова полиција и УЈП. Се интересираме не само за купопродажбата на ‘Соравија’, туку и дали лицето за кое се интересирате е поврзано со незаконски дејства преку Фондот за иновации, проверуваме и преку Капетанијата, Дирекцијата за заштита на конкуренцијата и Централниот депозитар, велат од Обвинителство за организиран криминал.

Дрин Ахмети стана директор на ТЦ Соравиа лани во септември, односно по примена позајмица од страна на фирмата на истиот Ник Мехмети од основачки влог од три милиони евра преку фирма која ја регистрирал на истата адреса како и ТЦ Соравиа.

Во обвинителството водат две предистраги за Тор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции.

Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста