Јавниот долг на Македонија продолжува да расте – во моментов надминува 8,3 милијарди евра

Јавниот долг на Македонија продолжува да расте – во моментов надминува 8,3 милијарди евра

Владата веќе не знае од каде да најде пари за да го наполни буџетот. Па така, поради поскапувања на позајмиците од странство, сега се врти на домашниот пазар. Наместо планираните 350, сега ќе се задолжува за 502 милиони евра. Инаку јавниот долг продолжува да расте и во моментов надминува 8,3 милијарди евра или речиси 58% од БДП, што е историски рекорд откако постои државата. Во последните 5 години јавниот долг е зголемен за дури 3 милијарди евра.

Буџетската дупка расте, а Владата ја полни со нови задолжувања. Стеснетиот простор пред меѓународните кредитори ја насочува кон домашниот пазар. До крајот на годинава ќе се задолжи за 502 милиони евра наместо првично планираните 350 милиони евра. Иако ова не беше предвидено со буџетот од Владата тврдат дека се било според плановите и проекциите.

  • Тие се плански проекции што се ставаат во Буџетот што даваат можност за подобра реализација на плановите што се поврзуваат со фискалната стратегија, рече Бесими, потсетувајќи дека веќе е обезбеден пакет од 600 милини евра по програми од меѓународни финансиски институции.

Со поголемото државно задолжување на домашниот пазар од една страна се пумпа јавниот долг, а од друга се извлекуваат пари кои би завршиле кај компаниите на кои сега им се и повеќе од поторебни. 

  • Тоа е направено плански за дa ги имаме фискалната консолидација и макроекономските компоненти на ниво со кое што ќе ја задржат макроекономската стабилност, а во исто време нема да чинат многу за буџетот. Значи со релокацијата нема зголемување на дефицитот, нема зголемување на расходите, рече Бесими.

Владата пред две недели си донела нова одлука со која ја поништи нејзината претходна одлкука и си дозволи поголемо задолжување на домашниот пазар.

Инаку јавниот долг на Македонија продолжува да расте и во моментов надминува 8.3 милијарди евра или речиси 58% од БДП, што е историски рекорд откако постои државата. Во последните 5 години јавниот долг е зголемен за дури 3 милијарди евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста