Уште една лага на СДСМ против Мицкоски падна: Обвинителството констатираше дека нема докази за „Делчевски ниви„

Уште една лага на СДСМ против Мицкоски падна: Обвинителството констатираше дека нема докази за „Делчевски ниви„

Машинеријата за лаги на власта зариба. Обвинителството ја запре постапката за случајот „Делчевски ниви“, од кој дел од медиуите се обидуваа да направат мега скандал.

Основното јавно обвинителство донесе одлука за запирање на истрагата во која беше опфатен и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Констатирале дека нема никакви докази за наводни кривични дела.

  • „По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од истражната постапка не произлегоа докази кои би потврдиле сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела. Произлезе дека пријавените не превзеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела“ – Стои во заклучокот на обвинителството.

Обвинувањата пропагирани преку провладини медиуми беа дека парите од нивите во Делчево допираат до ВМРО-ДПМНЕ, но по констатацијта на обвинителите и наредбата за запирање на истрагата за предметот, станува се по веројатно дека целта била намерно оцрнување на најголемата опозициска партија и на нивниот лидер.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста