Државна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евра

Државна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евра

Државна лотарија на Македонија го закупила поранешниот ресторан Фестина во Визбегово за неверојатни 2,6 милиони евра на 10 години, а мрежата на фирми завршува кај бизнис партнери поврзани со зетот на Али Ахмети, косоварот Куштрим Смајлај.

Радио Слободна Европа анализира како Лотарија на Македонија избира на тендер ресторан за свадби кој се наоѓа на периферијата од градот за користење на деловен простор.

На последниот ден од мај Лотарија објавила јавен повик за закуп, но резултатите за избор останале тајни.

Само еден месец претходно, ресторанот за свадби Фестина во Визбегово добива нов сопственик, го купува фирмата Хеј ДООЕЛ која е регистрирана само два месеци претходно.

Извор: РСЕ

  • Три месеци подоцна, „Хеј ДООЕЛ“ склучува договор за закуп на деловен простор со Државна лотарија за сума од 2,6 милиони евра за период од 10 години. „Хеј ДООЕЛ“ е во сопственост на Армин Машовиќ, поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“

Ерџан Сулкоски пак е поранешен бизнис партнер на зетот за ќерка на Али Ахмети.

Лотарија на Македонија освен што ќе плати милиони за кирија, се обврзала да инвестира и во реновирање на објектот.

Покрај успешниот зет на Али Ахмети, добро се снаоѓаат во бизнис зделките и внуците. Дрин Ахмети неодамна стана сопственик на 39% од деловниот центар Соравија и тоа без вложен денар.

Освен за семејството на првиот човек на ДУИ, сериозни државни бизнис зделки има и за фирмите донатори на оваа партија.

Последен во низата скандали беше оној за компанијата Еуровиа која за два милиони евра го адаптира спортскиот центар Борис Трајковски за луксузната конференција на ОБСЕ која треба да се одржи во декември.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста