„Во ФОКУС“ на Алфа: Власта на СДСМ и ДУИ ги избрка студентите од државата

„Во ФОКУС“ на Алфа: Власта на СДСМ и ДУИ ги избрка студентите од државата

  • Ние многу често, ние политичарите, со полна уста зборуваме дека сето она што го правиме е пред се за младите. – Велеше екс премиерот Заев во 2016та

Откако пред една деценија, студентските и средошколските протести ја најавија промената на власта, новоформираната влада во 2017та ветуваше мед и млеко за најмладите. По два мандата власт на ДУИ и СДСМ, тешко им е да се пофалат со завршени проекти за студентите и средношколците, бидејќи ретко кој го исполнија. Најмладите велат дека се разочарани од незаинтересираноста на власта, како и поради тоа што за остварување на своите права мора да излегуваат на протести. Велат, државата во моментов не им остава многу избор, освен да си заминат.

  • „Ние сакаме да бидеме горди на нашите универзитети, на нашата држава, но за жал, многу е тешко да сте горди на нешто што едвај или нималку функционира,  сепак, студентите кои што останавме во Макеоднија, иако малку не има, секој ден се трудиме да привлечеме внимание на власта, да ги подобриме овие работи, што на своја рака, што со притисок, но сепак, слух добиваме само пред избори, односно овој период, кога се ветуваат различни работи, а тешко тоа дека ќе се исполни од страна на власта.“ – Порача Анисија Угриновска од ОДАС.

Таа потеницара дека во невладините кои се занимваат со студентските прашања, постојано пристигаат поплаки за нередовната исплата на стипендиите, бескрајните проблеми во студентските домови, како и ред други неправди кои ги трпат од неефикасните државни органи. А екс премиерот Заев уште пред осум години ветуваше нешто сосема друго.

  • Денеска ја претставивме мерката за студентски град во Скопје, со модерни архитектонски репенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес сали, кино сали, библиотеки, ресторанти, сето она што е од интерес на самите студенти.“ – Ветуваше тој во 2016та.

Ова беше ветено во планот за живот на СДСМ, но ниту студентскиот дом Гоце Делчев, ниту пак Стив Наумов не станаа студентски градови. Напротив, добија неповолен извештај од државниот завод за ревизија.

  • „Мерките и активностите за развој на студентскиот стандард кои се преземаат од страна на надлежните државни органи не се доволно ефикасни и економични за остварување на одржливо ниво на финансиска самостојност на студентските домови, соодветно сместување и исхрана како и реализирање на проектите за реконструкција и проширувањето на капацитетите на Државните студентски домови.“ – Пишува во извештајот на ДЗР

Оние кои пак се на чекор пред студенткиот живот, во неизвесност. Велат, многумина од средношколците веќе не се сигурни дали сакаат високото образование да го продолжат во Македонија, најмногу поради искуствата на нивните постари другари, за кои студентскиот живот е постојана борба со системот.

  • Напротив, наместо да имаме студентски град, сега моите колеги од информатичките науки немаат ниту зграда каде да учат, тоа е голем проблем, а во постоечките студентски домовви, немаме топла вода, немаме храна како што треба, едноставно имаме многу лоши услови за живот.“ – Истакна средношколецот Петар Мицкоски.

Иако е тренд младите да се отселуваат од Македонија, многумина се решителни и сакаат да направат промена. Досега студентите излегоа на бројни протести, поради доцнењето со исплата на стипендиите, нискиот студентски стандард, а последен во редицата беше протестот за најголемиот факултет во државата, ФИНКИ, кој и покрај изградениот нов објект, тие се уште се во бараки, каде немаат услови за настава.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста