За ДУИ непишаното правило „Победник со победник“, важи само кога Ахмети треба да падне од власт!?

За ДУИ непишаното правило „Победник со победник“, важи само кога Ахмети треба да падне од власт!?

ВМРО-ДПМНЕ останува на своето и не попушта на заканите и уцените од ДУИ – во следната влада нема да има место за нив без разлика на учинокот на интегративците на изборите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека македонија е демократска емја, а не федерација или бинационална држава, а во демократија, тој што има 61 пратеник, тој формира влада. Прашува како тоа ДУИ пресметале дека токму тие се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел од новата Влада.+

Интегративците, пак соочени со се поичигледниот факт дека ја гувбат власта, упорно уценуваат и повторуваат дека Ниту една владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на „Европскиот фронт“.

Додека се крчка идната коалиција, и се пеглаат партиските ставови албанската опозиција и Изет Меџити немаат конкретен одговор дали уставните измени остануваат услов за влез во Влада. Сега ги интересирало само кампањата, а по изборите ставот за уставни измени, ќе го стават на маса.

Експертите пак сметаат дека правилото на коалицирање на победник со победник не може да важи само кога дуи губи на избори. Според нив, токму Ахемти во 2017-та година го напушти ова правило кога и покрај тоа што вмро-дпмне победи на зиброите и доби најмногу пратеници, тој решуи да прави јкоалиција со сдсм и да го донесе ахмети на власт.

ДУИ и ВМРО ДПМНЕ во 2008 се договорија победникот од македонскиот блок секогаш да коалицира со победникот на македонскиот блок. Тоа беше т.н Мајски договор кој не е никаков официјален пишан документ туку усмен.

Овој договор се почитуваше се до 2017 година. После изборите во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ  освои 51 пратеник а СДСМ 49. Кај Албанците најмногу гласови освои ДУИ. Па така, Бујар почетокот на 2017, пред формирањето на владата беше дециден дека ДУИ нема да коалицира со победникот, во случајот ВМРО ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )