Македонија го кажа своето: Над 600 илјади граѓани со својот глас покажаа дека посакуваат промени во државата

Македонија го кажа своето: Над 600 илјади граѓани со својот глас покажаа дека посакуваат промени во државата

Половина милион граѓани, односно безмалку 600.000 гласачи во првиот круг од претседателските избори се изјаснија против власта. Ако од вкупниот број гласови се одземат оние кои беа за Османи и Пендаровски, пораката на народот е јасна. Тој бара промени. Меѓународните политики за задоволување на апетитите на соседите, постојаната лажна надеж за интеграција во Европската Унија, економската состојба и редовните корупциски афери веројатно се главните причини за вчерашните резултати на власта.

Граѓаните велат дека народот знае што мисли и што сака, а сака крај на оваа владеачка гарнитура.

Аналитичарите велат, овие резулатите не биле изненадувачки, бидејќи анкетните истражувања точно ги предвиделе. Додека пак огромната излезност и резултатите покажуваат оти граѓаните се опозициски настроени и бараат промена.

  • „Генералното јавно мислење е за промена на власта. Тоа се покажа не само во поддршката на про-опозициските партии, туку се покажа поради незадоволството на луѓето, кои бараат промени. Едноставно не им се допаѓа во кој правец се движи државата. Ова, за никого, освен можеби за Стево Пендаровски и за СДСМ, не беше изненадување.“ – Изјави универзитетскиот професор и аналитичар, Владимир Божиновски.

Божиновски верува дека овие резултати ќе се пресликаат и на 8ми мај, бидејќи вчерашниот дебакл кој го доживеа СДСМ ќе ги демотивира нивните партиски структури и оние кои имале намера повторно да гласаат за нив. Додека пак опозицијата и нејзиното гласачко тело дополнително ќе се мобилизира.

  • „Со оглед дека кампањите веќе се споени, она вчера не беше гласање само за Силјановска и Пендаровски, туку беше гласање за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ. Сега веќе се создаде еден бран, кој што оди во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувањата се дека победата на парламентарните избори ќе биде и по убедлива од она што се случи вчера.“ – Појасни Божиновски.

Постојаната реторика на власта за интеграција во Европската Унија, во моменти кога се подлабоко се заглавени со скандали, очигледно не помина кај гласачите. Остануваат уште две недели до 8ми мај, кога волјата на граѓаните конечно ќе се преточи во пратенички мандати и доверба за шеф на државата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста