ДУИ удри на национализам: Секоја критика за нив ја прогласија за анти-албанска политика опасна за стабилноста

ДУИ удри на национализам: Секоја критика за нив ја прогласија за анти-албанска политика опасна за стабилноста

Нов ден нови закани по стабилноста и меѓуетничките односи од Али Ахмети. Како расте притисокот ДУИ да замине во опозиција, така реториката на Интегративците се заострува и ја вадат последната карта која им остана.

Обвинуваат за национализам а всушност тие го поттикнуваат.

Скандирањето „УЧК, УЧК“ и веењето албански знамиња пред споменикот на Александар Македонски беа само почеток – сега се закануваат дека не може и не смее да има Влада без нив и се поистветуваат со сите Албанци кои живеат во Македонија.

Интегративците не сакаат да слушат дека биле вмешани во криминал и корупција па секое обвинување кон нив го бележат како антиалбанска политика.

  • Кога еден народ во функција на сопствено владеење храниш 30-тина години со национал-романтизам, единственото оружје, единствената вибрација која што пристига до гласачкото тело е токму тој национал-романтизам. Е сега тој во Пи-Ар-от иам милион и една верзија, малку потврда, малку помека, но во секој случај тоа за политичарите, затоа што тоа е модел на политичарите,  тоа кажува за народот. Колку се уште народот голта национализам и се пали на него“ вели Агим Јонуз-политички аналитичар.

Враќањето во 2001-та е само потхранување на национализмот кај гласачкото тело.

  • Кој ќе ти дозволи повторување на 2001 година денес – никој. Ниту на народот му се тепа и коле, ниту пак ситуацијата на терен дозволува една таква работа. Тоа е прво, а имаме и второ. Имаме една работа што 2001-ва година стана една платформа на која многу, многу политички тези се поставија се поставија како политички профит. Токму разделувајќи ги луѓето, токму внесувајќи кај нив национал-романтистички пароли, во кои, јас не можам да поверувам дека народот мисли дека бафтањето со бајракот ќе го нахрани…“ вели Јонуз.  

И не е само Ахмети. И Бујар Османи обвини дека слоганот на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ бил шофинистички, но во настапите на неговиот шеф не гледа ништо спорно.

Кандидатот за претседател кој испадна од трката го обвини Христијан Мицкоски за шовинизам и национализам, иако опозицискиот лидер испраќа повици за обеденување на Македонците, Албанците, Ромите, Бошњаците и сите народи кои живеат во Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )