Анкета: ВМРО-ДПМНЕ во убедливо водство, граѓаните имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ во убедливо водство, граѓаните имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски

СДСМ и ДУИ и да ги спојат гласачите ќе им недостигаат речиси 8 проценти за да го стигнат ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски, Педнаровски и Ахмети заедно не можат да го стигнат огромниот степен на доверба што го ужива Мицкоски меѓу граѓаните, а цели 71 процент од граѓаните сакаат да ја испратат оваа влада во пензија. Резултатите на анкетите стануваат се по-немилосрдни кон власта. Такво е и последното истражување на јавното мислење кое го објави поратлот МКД.мк, а спроведено од агенцијата Маркет Вижн.

На прашањето дали има политичар на кој му верувате, и доколку има, кој е тој, рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е недостижен за било кој друг. Па така доверба во него имаат цели 25.1 проценти, зад него е Али Ахмети со 11.6, по што следи Максим Димитриески со 8.9, па Арбен Таравари со 7.9 проценти, па дури тука е Стево Пендаровски со 7.3, колку што има и Димитар Апасиев. Дури на 7-мо место е лидерот на СДСм Димитар Ковачевски со доверба од 5.6 проценти.

И на директното прашање во кој политичар имате најголема доврба повторно високо на врвот е Мицкоски со 16.6 проценти, на второ место е повторно Али Ахмети со 6.9, на трето Димитриески со 5.8, на четврто место е Апасиев со 5.7 проценти, а дури на петто место е Ковачевски со доверба од 4.9 проценти.

Слична е состојбата и со рејтингот на партиите. Во оваа анкета цели 27.2 проценти од граѓаните се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ ако изборите се одржат утре, за СДСМ би гласале само 10.7 проценти, за ДУИ 8.7, но веднаш зад нив е албанската опозиција со 7.7 проценти, по што следи движењето ЗНАМ со 5.5, Левица со 5.3, а за Алијансата за Албанците се изјасниле 1.1 процент од граѓаните.

Огромни 71,4 отсто од анкетираните сметаат дека оваа влада не заслужува уште еден мандат, високи 70% од анкетираните граѓани сметаат дека работите во Македонија се движат во погрешна насока, а дека Владата неуспешно се справува со овие проблеми смета значајно мноизнство од 66,6 отсто од испитаниците. За граѓаните најголемиот проблем останува криминалот и корупцијата во државата (29,2%), на второ место е инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот (17,6%), невработеноста 14,2 отсто, емиграцијата, отселувањето на младите 7,8 отсто.

Анкетирањето била спроведена од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Со статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 99%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност, според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста