Владата планира да троши „како луда“ и наредната година, новиот Буџет тежи цели 5.5 милијарди евра

Владата планира да троши „како луда“ и наредната година, новиот Буџет тежи цели 5.5 милијарди евра

Рекордни 5,5 милијарди евра и над една милијарда задолжување – Владата ја скрои државната каса за 2024 година  во која очигледно нема намера да го затегне обрачот и да троши помалку .

 Се планира да се соберат околу 5 милијарди евра, или  10 проценти плус од 2023 , а да се потрошат 5,5 милијарди  евра или 5,7 проценти плус од оваа година .  Дефицитот е 545 милиони евра, а буџетската дупка Владата ќе ја покрива со нови задолжувања од над една милијарда евра .  

 За власта како да стана пракса да проектира високо ниво на капитални инвестиции кои подоцна ги крати со прераспределбите .  за вгодина  за оваа намена планира 733 милиони евра, што е нешто пониско од  800 -те милиони евра кои беа планирани за годинава па со прераспределба беа скратени 500 милиони, но и тие пред крај на годината не се целосно реализирани .  Бесими е оптимист дека идната година ќе имаме високо ниво на реализација на капитални инвестиции иако е изборна година . Со задолжувањето за изградба на коридор 8 се започнало уште на денешната владина седница :

Најмногу пари се планира да се соберат од граѓаните и од стопанството преку даноци . И Бесими и Ковачевски се оптимисти за растот на економијата и очекуваат едноцифрена инфлација догодина.  Владата проектира раст од 3,4 отсто што е поомистичко од проекцијата на ММФ за 3,2 отсто.  

Идната година ќе се потрошат и 1 милијарда денари за избори , повисоките плати во јавниот сектор ќе чинат 41,1 милијарди денари , а Владата и при ова кроење на буџетот тври дека ќе крати на непродуктивни трошења , а не биле предвидени средства за сега повисоки плати на функционерите.

Буџетот помина на Владина седница  и сега треба да го помине собранискиот филтер .

Инаку, во Владата беше остварена и саредба со ММФ од каде порачаа дека очекуваат власта да ги одржи проекциите за дефицитот и економскиот раст .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста