Одобеску во Скопје

Одобеску во Скопје

Министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што известија од МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

Планирано е министрите да потпишат Акциски план за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на двете држави и Протокол за соработка во областа на образованието.

За време на престојот во Скопје, министерката Одобеску ќе оствари средби и со останатите претставници на државниот врв.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста