Велковски: Решение за негувателките има, само треба да се изгласа

Велковски: Решение за негувателките има, само треба да се изгласа

Има решение за да се деблокира процесот за издавање на лиценци за воспитувачки, негователки, но и директори во детските градинки. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ понуди законско решение, но Собранието треба да го стави на дневен ред и да се изгласа. На овој начин ќе се реши голгота на над 1000 апликанти, кои четири години чекат да добијат лиценца за да се вработат во предучилишните установи, изјави техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, при денешната посета на Кочани..

  • „Сакајќи да помогнеме и да направиме простор да може во периодот што следи да се полага, заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставивме, односно понудивме законско решение на Закон за заштита на децата, кадешто отвараме можност да може и хартиено да се полагаат овие , бидејќи нема повик за електронско полагање. Се надевам Собранието ќе се одважи, точката ќе ја стави на дневен ред и истата ќе биде усвоена, со што над 1000луѓе ќе можат да се лиценцираат и добијат лиценци„ изјави Ѓоко Велковски, технички министер за ТСП.

Според техничкиот министер Велковски хаосот со неиздавањето на лиценци е резултат на неажурноста на министерството во изминатиот период. Иако договорот со операторот којшто го вршел лиценцирањето завршил, не бил распишан повик за избор на нов.

При денешната посета на Кочани министерот и градоначалникот Љупчо Папазов ги утврдија проблемите кои четири години се пречка за пуштање во употреба на нова детска градинка, како и неиздавањето на согласности за вработување на стручен и технички кадар.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста