Бирократијата, терминологијата и недоречените закони го оставија младиот Леонид без државна помош за лекување во Виена

Бирократијата, терминологијата и недоречените закони го оставија младиот Леонид без државна помош за лекување во Виена

Серија оправдувања на функцинерите од здравствениот систем, зошто државата не може да ги подмири трошоците за лекување на младиот Леонид Иванов. Власта растрачана, цел ден дели изговори по медиумите, како тоа дека, Леонид не бил во животозагрозувачка состојба, инаку ќе одобреле пари во рок од 24 часа.- Ова беше помеѓу главните причини, кои челниците на фондот за здравство денес ги споделија со јавноста. Тие исто така се правдаат и со законот, кој дозволувал да се покријат интервенции и лекување, но не и потребната рехабилитација, која пак, според заменик министерката за здравство, Манолева, можело да се направи и во Макеоднија.

  • „Родителите немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Сметам дека прво треба да се изоди тој пат, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот, па дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или рехабилитацијата во нашите инситуции.“ – Изјави заменик министерката за здравство, Маја Манолева.

Според информациите кои се проширија во јавноста, на младиот Леонид во моментов му е потребно рехабилитација на дишните органи, за што пак Македонија не ги поседува потребните апарати.

Од Фондот за здравство пак, целата одговорност ја префрлаат на првостепената комисија и конзилијарното мислење на лекарите, кои одлучувале за тоа, дали на Леонид треба да му се плати лекувањето или не. Велат, оттаму до фондот не доставиле јасни и прецизни препораки, а на брифнингот со новинарите, велат ја поканиле и претседателката на комисијата, ревматолгот, доктор Сања Петрова, која пак не се појави да даде објаснување.

Додека пак за транспортот на Леонид со државен хеликоптер на рехабилитација во Австерија, за што надлежните не заборавија да се пофалат, заменик министерката Манлоева вели, тоа не било одлука на министерството за здравство. Родителите самоиницијативно побарале од центарот за управување со кризи.

  • „Заминуцвањето на дете беше индивидуално барање на родителот, упатено до центарот со управување со кризи, кој што таа информација ја сподели до МВР, а тие поради потпишаниот меморандум за соработка со министерството за здравство, овозоможи на родителите транспорт, на навистина тежок пациент од Скопје до Виена преку хеликоптерски транспорт.“ – Истакна Манолева.

Решението за лекувањето на Леонид, како и други кои се наоѓаат во слична состојба, според фондот за здравство е менување на правилникот и листата на услуги кои ги покриваат. Но, за тоа да се случи, потребно е да се промени законот, за чија пак измена, засега не се брзаат. Велат, тоа е така затоа во консултации со Светската здравствена организација, веќе некое време се подготвува целосен ремонт на македонскиот здравствен систем.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста