Вакциналниот пункт во Тетово ново жариште на вирусот – огромни гужви и турканици

Одат за да се заштитат, но, вакциналните пунктови станаа жаришта за ширење на вирусот.Огромни гужви и турканици деновиве и на пунктот во Тетово. Стиснати еден до друг, не сите со заштитини маски, граѓаните чекаат по цели денови да бидат имунизирани, но, не секогаш успеваат да завршат работа. Се жалат дека нема ред и бараат некако да се дејствува за да се подобри целиот тек на одвивање на имунизацијата.

Метежот се создаде откако се укина закажувањето преку мој термин, но и поради новите рестирктивни мерки, кои значително го зголемија интересот за вакцинација. Лекарите бараат трпение и поголема дициплина од граѓаните,оти безредието и турканиците можат да создадат проблеми и лесна трансмисија на вирусот.

Тетово до минатиот месец, споредбено со другите градови имаше најмал опфат на имунизирани граѓани. Заклучно со јули вакцинирани се околу 30 илјади тетовци.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста