ВМРО ДПМНЕ промовираше кандидати за градоначалници: Tони Mихајловски за Kуманово, Mаневски за Зелениково

Актерот Тони Михајловски за Куманово, пратеникот и таеквондо тренерот Дарко Костовски за скопски Бутел, докторот Александар Стојкоски за победа во Ѓорче Петров – опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави нови 19 имиња со кои влегува во трката за освојување на локалната власт. Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски најавува сигурна победа, оти како што вели ова се млади и некомпромитирачки кадри кои ќе го креираат развојот на општините.

Актуелниот пратеник Кирил Пецаков ја доби довербата на партија и со него ВМРО-ДПМНЕ најавува сигурна победа во Охрид. Кандидат за градоначалник за Македонски Брод, партијата го предлага Жарко Ристевски, за Свети Николе Дејан Владев.  Наставникот Димчо Атанасовски е изборот за Македонска Каменица. Во Берово партијата на избори излегува со Елеонора Рашковска. За Општина Чашка Зоран Здравевски. Во Градско изборната трка ќе трча Киро Нацков. Докторот Маријан Миленковски кој работи во Ковид центарот е кандидатот за локалната власт во Пробиштип. За Виница изборот е Миле Петков. Бошко Цветковски  за Лозово, Виктор Паунов за Карбинци, За Чешиново Облешево Далибор Ангелов. За скопско Зелениково партијата излегува на избори со Коста Маневски. Докторот Мевмед Џафер кандидат за Маврово Ростуше.

За името на кандидатот  со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе во трка за власта во главниот град се уште траат консултациите. Мислајловски вели дека во моментов се спроведувала дополнителна анкета, па потоа ќе ја објават конечната одлука. Неофицијално се погласни се информациите дека за таа позиција највисоко котира актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста