Толку биле можности: Еден истражител истражува можен криминал поврзан со ДУИ вреден 1,3 милијарди

Толку биле можности: Еден истражител истражува можен криминал поврзан со ДУИ вреден 1,3 милијарди

Стотици сомнежи за криминал сторен од функционери и блиски до ДУИ, но засега само едно обвинение од Ислам Абази. За аудито на Рамиз Мерки и тоа по четири години од иницијативата на Антикорупциска. Се уште ништо за Дрин Ахмети и Бехтел и Енка.

За можен криминал вреден 1,3 милијарди евра  за изградба на коридорите 8 и 10Д  истражува само еден човек.. Толку биле можностите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кои денеска се пофалија со новите простории.

Дали и кога ќе има можеби обвенение одговор нема, случајот се уште бил во фаза на оценување.

-На овој предмет работи еден истражител од овој истражен центар, кој што работи и други предмети. Значи можностите се тие. Документација е многу обемна, материјалот кој треба да го анализираме е сериозен и голем. Тој сам по себе опфаќа многу сфери, градежништво, економија, инвестиции итн. Еден истражител го работи со помош, ние немаме други истражители и нема можност Обвинителството да вработува различни професии, односно различни структури на истражители, освен оние кои што ги презема од Министерството за внатрешни работи или Финансиската полиција, велат Обвинителството.

Во фаза на оценување е и случајот со купувањето на трговскиот Соравија во центарот на Скопје, од страна на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Обвинителката која го води случајот вели не можела да открива никакви детали, но сепак индиректно посочи дека не бил повикан на распит.

-Во оваа фаза на постапката не можам да ви споделам повеќе информации од она што ви го дадов до сега како информација. Дали ќе бидат повикувани и дали бил повикан исто така не можеме да ја споделиме оваа информација со вас од причина како што ви реков во интерес на оваа предистражна постапка која што е обемна, велат од Обвинителството.

Меѓу случаите кои ги работи Обвинителството на Ислам Абази, кој важи за близок до ДУИ е случајот со осомничените нарко дилери од Грчец, каде првоосомничениот Шеваљ Муареми е во бегство во Дубаи. Ќе барале негова екстрадиција, а не знаеја да кажат дали и зошто до сега не е побарана.

Од 30-те предмети кои се истражуваат против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, пред Суд е поднесена кривична пријава само за набавка на службено Ауди во општината, предмет отворен по иницијатива на Антикорупциска уште во 2020-та година.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста