Навални погребан во Москва

Навални погребан во Москва

На московските гробишта „Борисов„ денеска беше погребан рускиот опозиционер Алексеј Навални, со звуците на песната од Френк Синатра „Мојот пат“ и музика од филмот „Терминатор“.

Насобраните граѓани кои му оддаваа последна почит на навални извикуваа „нема да те заборавиме“ и „прости ни“. За време на погребот, руската полиција почна да ги приведува луѓето кои извикуваа пароли против рускиот претседател Владимир Путин.

Според официјалните информации, Навални починал на 16 февруари, на возраст од 47 години, во затворски логор северно од арктичкиот круг. Остриот критичар на путин беше физички многу ослабен по нападот со отров во 2020 година и постојаната изолација во логорот. Околностите за неговата смрт остануваат нејасни. Руските власти наведоа природна причина за смртта. Тие ги отфрлија обвинувањата за вмешаност на државата во тоа. Поддржувачите на навални и водечки западни политичари го обвинуваат путин за смртта на опозицискиот политичар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста