Социјалните мрежи преплавени со апели за донации – хуманоста спасува многу пациенти

Социјалните мрежи преплавени со апели за донации – хуманоста спасува многу пациенти

Борба за живот – преку донации.Во Македонија стотици болни луѓе чекаат помош од хуманитаци за да дојдат до соодветно лекување.Се споделуваат апели на социјалните мрежи и платформи, се  отвораат телефоснки линии и банкарски сметки, се бара помош преку донаторски платформи. Хуманоста на граѓаните и понатаму е единствениот спас за да добијат медицински третман во странските центри. Најчесто болните и нивните најблиски се оставени сами да ги соберат потребните финансиски средства бидејќи државата ги нема потребните инструменти за испитување, дијагноза и лекување.

Речиси секој случај е особено траорен и е со сериозна траорна приказна позади себе.Ние како организација “ECrowd.mk” успеавме да ја пласираме оваа донаторска платформа и успешно да направиме сериозна разлика во процесот на донирањето.Во моментов се активни 7-8 случаи кој што константно гравитираат на социјалните медиуми а паралелно чекаат сигурно уште стотина” – вели др Бојан Трајковски – платформа за донации и поддршка “ECrowd.mk”.

Најчесто с ебара помош за мали дечиња, а главна причина тоа е што во државата нема начин да се третира болеста, вели доктор Бојан Tрајковски од платформата за донации.

Најголем процент од пацинетите се кои треба да се лекуваат надвор од Македонија.Има правило во ФЗО, она што може да се лекува тука, трошоците ги покрива фондот.Станува збор за пацинети кои за жал не го нашле лекот во Македонија, апсолутно сите лавиринти ги поминале во македонското здравство, пробани се секакви терапии тука во земјава, чарето најчесто си го бараат надвор од Македонија изјави др Бојан Трајковски – платформа за донации и поддршка “ECrowd.mk”.

Институционалиот пат за лекување во странство е предолг и со многу сопки. Во голем дел од случаите државата не одобува средсва за здравствените осигуреници. Но и доколку се одобри патот е долг и спор. 

Дека има “дупка” во здравствениот систем за случаи каде што државата треба да плати лекување во странство алармираа и ревизорите.Во еден од последните извешти на ДЗР, клучната забелешка е дека постапката за одобрување за лекување во странство е долготрајна, и дека трае подолго од предвидениот законски рок од 45 дена.

Последен хуманитарен настан каде се собираа донации беше викендов. Каде се собираа средства за лекување на 12 годишната Кара Селовска.Таа има има сериозни здравствени компликации поради кои е сместена во болница во Барселона, Шпанија.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста