Седум кандидати за претседател, шест потписи на Кодексот за фер избори – Јакимовски не се потпиша

Седум кандидати за претседател, шест потписи на Кодексот за фер избори – Јакимовски не се потпиша

Седум кандидати – седум различни ставови за Кодексот за фер и демократски избори. Шест од нив го ставија потписот на документот за кампања без говор на омраза и дискриминација, без поткуп и корупција. Стевчо Јакимовски од ГРОМ не се потпиша,  но си подаде рака со противкандидатите.

  • „Учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да користат говор на омраза и нема да вршат никаква дискриминација или омаловажувања врз основа на пол“, рече Александар Даштевски – претседател на ДИК.

Стево Пендаровски верува дека тој и неговите противници ќе оддржат нивото на дебата и целиот процес да биде фер и демократски. Гордана Силјановска Давкова, пак со програмата ќе ги почитува сите кандидати и ќе говори со аргументи.

  • „Уверен сум дека како и пред пет години нема да биде оспорен изборниот резултат во суштинска смисла, можни се одредени процедурални забелешки и приговори, меѓутоа во целина мислам дека ќе докажеме дека како држава сме подготвени“, рече Стево Пендаровски- кандидат за претседател на СДСМ.
  • „Ниту минатиот пат, ниту сега, нема да посегам по ад-хоминем однос, ќе говорам со аргументи за програмата и ќе ги почитувам сите кандидати“, рече Гордана Силјановска Давкова – кандидатка за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Бујар Османи пак ќе се залагал за позитивна кампања, а Билјана Ванковска го потпиша Кодексот кој според нејзе бил празно парче хартија.

  • „Никогаш, до сега, не сум користел некоректен пристап кон некој во политичката трка. Никогаш не сум користел црна кампања или несоодветен јазик кон било кој противник“, рече Бујар Османи- кандидат за претседател на ДУИ.
  • „Во ова парче хартија јас не верувам, ова е празно слово на хартија“, оцени Билјана Ванковска – кандидатка за претседател на Левица .

Арбен Таравари се надевана најфер и најдемократски изброи досега, а Максим Димитриевски нема да бега од дебати и сака на изборите да победи демократијата.

  • „Јас посакувам и се надевам дека овие избори ќе бидат пофер и подемократски, барем од претходните избори што ги имавме во 2021 година. Тоа не зависи толку од нас кои сме кандидати на опозицијата, туку од партиите кои се на власт“, рече Арбен Таравари – кандидат за претседател на ВРЕДИ.
  • „Оваа форма којашто ја потпишуваме, уште однапред, без разлика што преземам целосна одговорност со моето потпишување да ја почитувам, нема да биде почитувана во целост“, рече Максим Димитриевски – кандидат за претседател за ЗНАМ.

Јакимовски рече дека не го потпишува кодексот, ќе го почитува.

  • „Длабоко ви се извинувам. Јас Кодексот ќе го почитувам, меѓутоа ако немаме дебати, јас Кодексот нема да го потпишам“, рече Стевчо Јакимовски-кандидат за претседател на ГРОМ.

Пред секои избори вообичаено се потпишува ваков Кодекс, но тоа не значи дека истиот се спроведува и во пракса. Јавноста била сведок и на црните кампањи, лажни вести, недолични навреди, па дури и физички пресметки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста