Пресудата за грабнувањето на Самоил Костадиновски закажана за 4-ти април
Денеска завршни зборови за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошковски кој пред една година беше пријавен за киднапиран.
Обвинителство бара Виктор Милановски и Саша Челичиќ да бидат осудени за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија. За грабнувањето обвинет е и Александар Трпковски кој во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. Според обвинителството, причините била оштетениот да го натераат да плати претходно украдена наркотично дрога – хероин.
Адвокатите и родинините на обвинетите пак бараат ослободитена пресуда од судот, бидејќи обвинителот не докажал дека тие го грабнале и му наштетиле на Самоил Костадиновски. Пресудата Скопскиот Кривичен суд ја закажа за 4-ти април во четврток точно на пладне.