Ременски: Групата на Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди, заплашување, киднапирање, ликвидации

Ременски: Групата на Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди, заплашување, киднапирање, ликвидации

Професорката на Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка, истакна дека групата на Љупчо Палевски – Палчо, според нејзини неофицијални информации, имала поголеми планови.

„Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај“, вели Ременски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста