Почнува изборната кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, СДСМ во Битола

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, СДСМ од Битола – политичките чинители од денеска на мегдан со изборните програми ќе ја бараат довербата од граѓаните. Во следните 20 дена се до 17-ти октомври потенцијалните градоначалници но и кандидатите за советници секојдневно од град во град на митинзи и средби со граѓани ќе ја водат трката за локалната власт. Вкупно 11 илјади кандидати за градоначалници и советници во 80 општини и градот Скопје ќе бидат дел од кампањата на 7-ми по ред локални избори. Иако во време на пандемија, политичките партии убедуваат дека ќе се почитуваат протоколите за време на кампањата. И експертите сметаат дека доколку се почитуваат, изборите нема да бидат причина за ширење на ковид-19.

Во петокот, кандидатите за градоначаници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Синхронизирано на различни локации Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници во сите општини во Скопје и во целата држава.

Си ветија и обврзаа дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот и ќе ги почитуваат законите релевантни за изборите, но и дека со ништо нема да го нарушат организирањето и спроведувањето на изборите.

На овие локални избори граѓаните своето избирачко право ќе го можат да го искористат 1 824 864 граѓани. Според статистичките податоци на Државната изборна комисија, 301 кандидати ќе се борат за општинската фотелја а 10.600 кандидати ќе се тркаат за советничко столче. Кампањата пред првиот изборен круг треба да заврши на 15 октомври, кога на полноќ почнува изборниот молк, додека вториот круг за кандидатите за градоначалници ќе се одржи на 31 октомври, во општините каде што ќе нема победник по првиот круг гласање на 17 октомври.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста