Филипов: Кој и да владее во Берлин, политиката кон Македонија нема да се промени

Политиката на Германија нема да се промени во однос на Македонија и Западен Балкан по изборите без разлика кој и да ја добие довербата од мнозинството Германци на изборите за нов состав на Бундестагот. Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов за Алфа вели дека Германија како наш статешки партнер ќе ја продолжи поддршката без разлика кој и да биде на чело на сојузната влада. Според него курсот на Берлин нема да се промени кон Западен Балкан и Македонија:

Политиката на Германија, нема да биде променета во однос на ЕУ, на Западен Балкан и на Македонија. Ние треба оваа шанса да ја искористиме, односно ние и досега имавме голема поддршка, да ја зграпчиме оваа определба за што сега не само тој ресор, како надворешна политика, ако дојде,остане на власт СДП, шансите ќе бидат малку поголеми, бидејќи определбата на Соцјал-демократската партија е проширување на ЕУ, помагање на Западен Балкан, поголема улога на ЕУ во светот, ословување на сопствени сили.. –вели за Алфа, поранешниот македонски амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов.

Она што е клучно според Филипов во наредниот период за Македонија е да го продолжи позитивниот тренд на политички дијалог, но истовремено и да ги искористи можностите од Берлинскиот процес на економски и социјален план како подготовка за преговорите со Европската Унија.

Улогата наша во овој момент е да ја продолжиме нашата политика на соработка со Германија, која што е основен носител на Берлинскиот процес. Берлинскиот процес знаеме дека е првата и основната идеја да ги навикне земјите од Западен  Балкан да соработуваат најправо на економски план, потоа и на политички план и социјален план како би влегле поподготвени во ЕУ. Не треба ништо специјално да се менува, само треба да се разработува заедничката политика на сите економски односно политички чинители во Македонија, да биде поединствена..-вели Филипов.

Колку е значајна Германија за Република Македонија не зборува само политиката, туку и економијата. Веќе со години Германија е број еден трговски партнер на Македонија со кој нашата економија бележи и суфицит во трговската размена. Последнава година, извозот од Македонија на германскиот пазар е драматично зголемен, односно, највисок во споредба со целиот регион на Западен Балкан. Во земјава се присутни дваесетина германски компании, кои вработуваат илјадници луѓе, кои главно се дел од автомобилската индустрија.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста