Останува ли Заев сам во своите политики на попустливост кој Бугарија?!

Вака понатаму не може, овој балон еден ден порано или подоцна ќе пукне.

Овие зборови не доаѓаат од Груевски, Мицкоски, Љубчо Георгиевски или од некој сегашен или поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓаат директно од можеме да кажеме менторот на Заев, Бранко Црвенковски. Очигледно е дека премиерот по се изгледа останува сам во своите политики на попустливост, покрај поранешниот лидер на партијата, против моменталните ставови на Заев застана и претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Темата за балонот кој ќе пукне е околу економијата и надворешниот долг на Македонија, но Црвенковски се осврна и на отстапките кои моменталната власт ги прави во преговорите со Бугарија.

-Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив ја отвори пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис едноставно не е можен, изјави Црвенковски.

Но, да не заборавиме ова не е прв пат Црвенковски да тргне против својот наследник на лидерската функција во СДСМ. Тој дури и го замрзна членството во партијата која тој ја формираше

-Се обраќам до вас, почитувани сопартијци, за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција, ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата, вели Црвенковски.

Црвенковски не е единствениот кој со својата реторика на еден начин се дистанцира од Заев, тоа во неколку наврати го стори и првиот човек на државата, Стево Пендаровски. Иако, во последното свое обраќање, не кажа ништо директно против премиерот, тој сепак испрати на еден начин порака. Додека Заев изјавува дека Македонија е подготвена на големи историски отстапки, како бришење на бугарски пред фашистички окупатор, Пенадровски вели чуму ни Европска унија, без нација.

-Ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европската интеграција, изјави Пендаровски.

Инаку, ова не е прв пат Пендаровски да има на еден начин спротивставени со Заев, тоа претходно се случи и околу настаните за 27 април. За разлика од реториката на премиерот и неговата партија, дека луѓето кои влегле во Собранието се терористи, претседателот со сосем различен став.

-Јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи, што влегоа. Стануваше збор за она што едно време го правеше Југославија, го нарекувавме и години потоа го нарекувавме насилно рушење на уставниот поредок, значи не тероризам. Тие што физички напаѓаа луѓе си ги заслужуваат казните кои ги добија, оние кои што влегле во зградата на Собранието не можеш да кажеш дека се терористи, изјави Пендаровски.

Како што е веќе познато, Заев и официјално е скаран со Максим Димитриевски, еден од највлијателните партиски ликови, кој поради одлуката да оди како независен кандидат за градоначалник на Куманово, доби исклучување од СДСМ. Според неофицијални информации, премиерот не е во добри односи ниту со градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, кој на овие локални избори не е кандидат. Покрај нив, според информациите во лоши односи со Заев е и голем дел од она популарно скопско крило на партијата.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста