Почна да се решава хаосот во домот „Ранка Милановиќ“

Почна да се решава хаосот во домот „Ранка Милановиќ“

По неколкугодишни опструкции од централната власт, се надѕира решавање на проблемот со бездомниците кои привремено се сместени во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. Само еден ден откако техничкиот министер Ѓоко Велковски најави системско решавање на проблемот со кој се соочуваат луѓето кои таму живеат во мизерни услови,  започна чистењето на мини депонијата околу некогашната јавна установа во која се згрижуваа проблематични деца.

Живеат во крајно нехумани услови. Затоа денес заедно со градоначалникот Бобан Стефковски излеговме на терен за да со негова помош се исчисти дворот каде луѓето го минуваат секојдневието, изјави техничкиот министер Велковски.

Проблемот со бездомниците и хуманитарната мизерија во „Ранка Милановиќ“ се провлекува со години бидејќи како што вели градоначалникот на Гази Баба, и покрај сите иницијативи, Министерството за труд и социјала не покажало интерес.

Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години наидував на ѕид од страна на Владата и министертсвото за да им помогнам на овие луѓе во чистењето на просторот кој ги опкружува бидејќи постои голем ризик да се развие епидемија. Неколку пати писмено го известував ресорниот министер, па и за петициите на граѓаните кои живеат одоколу, како и жалбите на околните компании кои гравитираат на овој простор, рече Стефковски.

Речиси седум години околу 70-ина бездомници живеат  во крајно нехумани услови –  без струја, без вода, без греење. Јадат тоа што некој ќе им фрли. Зградата повеќе личи на урнатина, отколку на некаков дом. Многу од лицата кои живеат тука нив немаат документи, па немаат ниту пристап до социјална и здравствена заштита.

По барање на министерството, се очекува увид да направи Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Лицата кои престојуваат во „Ранка Милановиќ“ добија пакети со храна од Црвен крст, да може да сепрехранат додека не се дојде до конкретното системско решение за овие луѓе да имаат хумани услови за живот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста