Хулигани искршија прозорци во струшката болница и нападнаа доктор и медицински сестри

Хулигани искршија прозорци во струшката болница и нападнаа доктор и медицински сестри

Инцидент во струшка хирургија, две лица во раните утрински часови се обидела да ја обијат заклучената врата од одделението кое се наоѓа на приземниот кат од болницата.Бидејќи не успеале, за да влезат внатре,ги скршиле стаклата од прозорците.Во моментот на хируршкото одделние каде има многу хоспитализирани пациети, дежурале еден доктор и 4 медицински сестри.

-Едниот од нив беше повреден, но не почека нити минута да видам за што се работи, ведаш без никаква причина ме нападна, вели дежурниот доктор Илми Речи.

Бевме нападнати во хирурушката амбуланта од страна на хулигани ,освен  вербален конфликт имаше и физички напад, ние се снаоѓавме. Имаше физички контакт,да не зборувам, ама јас се борев со него и мораше и да се заштитам”-вели д-р Илми Речи

И покрај ваквото недолично однесување и стравот кој го претрпе целиот персонал,ние му ја саниравме повредата, но загрижува тоа што ова не е прв инидент.Поради тоа се чувствуваме крајно небезбедно, вели доктор Речи.Како да сме боксерски вреќи со нас се пресметуваат и роднини на пациентите. Луѓето многу често се однесуваат агресивно,а ние мора да бидеме разумни, додава началникот на хурургија доктор Златко Лазаревски.Се наоѓаме под притисок бидејќи ова се случува и на интерното одделение.

Доаѓаат пијани, издрогирани се јавува неред.Сите се агресивни тие мислат дека во моментот и добиваат и во моментот помош не е проблем.Но и дома да дојдете ќе тропнете,некој треба да ви отвори .Не може одма да се криши врата, случувано ни е  да се скриши варата, да се скриши прозор.Доаѓаат и тие мислат дека вратите во болницата се отворени, а ние мораме да затвораме затоа што имаме лекови кои што можат да влезат да ги крадат -вели  д-р Златко Лазаревски началник на хируршкото одделение

Директорот на болницата вели дека нема физичко обезбедување во целиот комплекс и дека за безбедноста се грижи полицијата,сепак докторите инсистираат да се ангажираат професионални лица кои ќе се грижат за сигурноста и на пациентите и на медицинскиот персонал .

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста