Анализа: Задоцнет обид на Ковачевски за критика кон ДУИ

Анализа: Задоцнет обид на Ковачевски за критика кон ДУИ

Однесувањето на  ДУИ било некоректно –  Денови му беа потребни на поранешниот премиер  да каже било што за скандирањето „УЧК“ на  митинг од ДУИ на градскиот плоштад. Ковачевски дури сега, пред избори, зборува дека дел од министрите во неговата Влада се однесувале несоодветно, како на пример дека играле фудбал во кабинетите  и давале впечаток дека никој ништо не работи.

Тоа само покажува дека после 22 години на ДУИ единствена реторика во политичка борба за европска иднина му останува да се приликува на анахрони повици од 2001 година, и тоа на кого му штети, тоа му штети на тој кој што сака да изгради мултиетничко општество во државата, Фатмир Битиќи , човекот сработи антикризни мерки кој треба да добие благодарница за сите, Бектеши исто работеше на намалување на инфлацијата и на крај го имаш Артан Груби кој игра фудбал во канцеларија, па ги викнал другите да играат и имате впечаток дека никој ништо не работи, рече Димитар Ковачевски – носител на листа од СДСМ во ИЕ 1 во поткастот „ Политиканти“.

Според аналитичарите,  млаката осуда на Ковачевски е многу задоцнета реакција и требало да направи нешто во изминатите години, а не сега во изборен циклус. Според Синиша Пекевски, Ковачевски го прави овој потег заради револтот кој го покажува народот

Реториката не е ни искрена, прочитана е , вакви коментари после две годишно владеење како пшѓремиер е тотално непотребно, требаше да си достои на неговиот однос , кој народот препознаваљ дека односот на СДСМ кон ДУИ е очаен, коментира аналитичарот Синиша Пеќевски

Критиката за начинот на кој се однесувале ДУИ во Владата, е повеќе од очигледно дека е обид за глас плус. Според Пеќевски, Ковачевски веќе ги пропуштил шансите кога требало да критикува .

Верувам дека е советуван од некој експерт и да ја ублажи таа реторика и да не се согласува. Ваквото однесување не е искрено и е во служба на претседателските и парламентарните избори, вели Пеќевски.

Додека ковачевски со млаката реторика се обидува да прикаже некаква дистанца од ДУИ, сите останати , јасно се определија за влада, во која нема да учествува партијата на Ахмети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )