Систем на ваучери – наместо поддршка за спортот, плодна подлога за можна корупција

Систем на ваучери – наместо поддршка за спортот, плодна подлога за можна корупција

Наместо поттик за спортот, плодна почва за можна корупција. Владејачката структура, и покрај сите забелешки и негативни коментари, го воведе ваучер-системот за финансирање на спортот. Со помпезни најави дека со нови милионски суми ќе се оживува спортот во Македонија се пофали и тогашниот премиер Зоран Заев.

  • Нови 6 милиони евра во македонскиот спорт кои ќе растат во иднина, покрај постоечката финансиска поддршка што АМС ја дава на федерациите“, рече Заев на 17.10.2018.

Од државната каса секоја година се одвојуваа по неколку милиони за да се помогне спортот. Парите беше предвидено да ги помагаат федерации, клубови и спортисти, а истите да добијат и даночно олеснување од 50 проценти.

  • „Дополнителните 10 милиони евра преку ваучерскиот систем стигаат до крајните корисници, националните спортски федерации, клубовите и индивидуалните спортисти од олимписки и неолимписки спортови за создавање квалитетни услови за врвни остварувања во клупскиот и во индивидуалниот спорт“, нагласи тогашниот премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски на 13.02.2020 година.

Иако како што уверуваат тогаш од Владата дека процедурите ќе бидат едноставни, уште при самото воведување забелешките на новото законско решеие беа големи.

Повеќето од федерациите како и долгогодишни спортски работници и аналитичари изразија незадоволство од ваучерскиот систем сметајќи го за порестриктивен и за полош од данокот за добивка што се укина кон крајот на 2018-та, а беше во функција периодот 2016/17. Тоа мислење не го делеше и Агенцијата за млади и спорт.  

Системот за ваучери беше укинат лани во септември односно заменет – државата директно почна да ги исплаќа парите на спортските субјекти.

  • Фантастични 10 милиони евра ќе влезат како директна финансиска поддршка за спортистите, спортските клубови и спортските федерации. Во соработка со Министерството за правда го модифициравме досегашниот модел познат како ваучерски систем и стигнавме до директна државна субвенција“ рече директорот Мојсоски на 01.03.2024.

Уште при самото негово воведување кон крајот на 2018 година се најавуваше како систем токму за заштита од финансиски малверзации. Но сега по иницијатива на претходниот состав Антикорупционери, обвинителството отвори предмет во кој ќе ги гони и претходниот директор Дарко Каевски, актуелниот Наумче Мојсоски, директор на МОК, Даниел Димевски и уште деветмина други кои Обвинителството ги товари за злоупотреба за сложбената положба и несовесно работење. Тие отфрлија обвинувањата и постапувањето на обивнителите го нарекоа тенденциозно.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )