Ниту црната листа на САД не го „ремети“ Мерко – Веројатно ќе се спаси од сите 30 предмети против него
Откако пред 5 месеци САД го стави Рамиз Мерко на црна листа, од вкупно 30 заведени предмети од кои најстарите датираат од 2006-та година, во моментов против недопирливиот Мерко за периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник, се водат 16 предмети –но со измените за киривичниот законик речи сите застаруваат.Од судството и обвинителството,сега дигаат раменици и се амнестираат од одговорност иако постапките против Мерко фаќаа прашина во нивните фиоки цели 17 години. Во јули членови од Судскиот совет извршија контрола на работењето на струшкиот основен суд во однос на наводите од Стејт департментот дека Мерко вршел политички притисоци за донесивање на некои судски одлуки,но не само што нема никаква разврска-претседателот на Судскиот совет се крсти во совесноста на судиите.
“Да не се враќаме повторно на првичната состојба каде што изјавивме дека како резултат на некои измени од кривичен закон тоа се тие последици.Од овие извештаи немаше некои посебни забелешки во делот на некави влијанија или незаконски постапки од страна на судиите. Но кој судија ќе рече, да вршено ми е влијание?Па видете госпоѓо значи тоа се судии и ако самите судии не си пријават влијание тоа е проблем за личноста како судија инаку знаете секој е доволно совесен,свесен дека доколку трпи некакви закани, влијанија или било какви притисоци, тоа судии се мора да си кажат во нивно име ”-вели Сашко Георгиев-Претседател на Судски совет
За случајот Мерко и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да постапува по 5 предмети, меѓу нив е оној со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција.
”Да бидам искрена јас очекував дека побрзо ќе има некакви резултати,заради тоа што јавноста беше прилично заинтересирана и домашната и меѓународната јавност.Mислам дека треба пред се политиката да си ги тргне рацете од професионалците”-вели Билјана Ивановска од ДКСК
Заменик министерката за правда пак како да не е од тука-не можела да коментира за случајот Мерко, иако критиките на САД сериозно ги сфаќала.
“Во однос на судските одлуки и одлуките на јавното одбинителство, па дури застарувањето, не би сакала никогаш да коментирам затоа што не знам точно за кои предмети станува збор, ниту пак зошто тие застареле и од кои причини”вели Викторија Аврамовска Мадиќ-заменик министер за правда
Инаку ова е четврт градоначалнички мандат на Мерко, во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави,но само еден предмет е процесуиран во струшкиот Основен суд .
Росица Голабоска