Ништо од модерниот Луна парк за скопјани, се враќаат старите вртелешки и вовчиња

Ништо од модерниот Луна парк за скопјани, се враќаат старите вртелешки и вовчиња

Ни трага ни глас од „најдобриот луна парк на Балканот“ што го ветуваше градоначалничката Арсовска .Наместо ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино, картин,  во градскиот парк во Скопје се враќаат старите вртелеки и вовчиња.

Наместо скопјани да се радуваат на нов Луна парк, забавата сепак ќе биде со старите реквизити кој подолг период не функционираа и беа остранети.Нов забавен парк беше еден од главните ветувања на Данела Арсовска, па прашањето е дали со старите реквизити ќе се гради новиот Луна парк во Скопје.

Од Град Скопје не одговараат зошто се монтираат старите елементи, кога се најавуваше нешто сосема модерно. Нема одговор ниту дали дотраените реквизити за забава ќе бидат безбедни, дали ќе имаат нови механизми, дали е проверена нивната исправност.

Арсовска во предизборната кампања освен што ветуваше, туку даде и конкретен рок за отворање на современ Луна парк и тоа во првите две години од нејзиниот мандат. Годините поминаа, а луна пакот го нема.

Спомените од скопскиот Луна парк не смее да останат само спомени. Затоа планираме брзо опремување на централниот Луна парк во Градскиот парк со бројни содржини (ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино, картинг). Луна паркот ќе го отвориме уште во првата половина на мандатот. Освен за најмладите, овој парк на скопјани ќе им понуди содржини за сите возрасни категории”се вели во програмата за локалните избори 2021 година на Данела Арсовска.

Ветување за изградба на Луна парк во центарот на Скопје имаше и екс-градоначалникот Петре Шилегов, кој неколку месеци по доаѓањето на функција вети нов луна парк. Но, во април 2020 година Шилегов најави дека наместо за изградба на новиот луна парк, Градот ќе се задолжи 12 милиони евра, за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура. Во март 2021 година тогашната градска власт информираше дека ќе продолжи реализацијата на проектот за нов забавен парк, но сепак изградбата на луна паркот не започна до крајот на неговиот мандат.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста