Врсничкото насилство зема се поголем замав

Врсничкото насилство зема се поголем замав

Врсничкото насилство зема замав во загрижувачки размери,по последниот случај во Скопје каде деца на околу 8 годишна возраст сред бел дел во парк најпрвин психички, а потоа и физички малтретирале девојче, родителите гневни сугерираат проблемот да се подигне на највисоко државно ниво.За немилиот настан кој молскавично се прошири на социјалните мрежи следуваа лавина реакции и сведошта на родители.

” Деца на возраст од 2-3 одделение психички малтретираа најверојано сокласничка со зборовите:дебела, глупава ,смрдиш и што уште не.Ситуацијата ескалираше кога девојчето се сокри во една од играчките и почнаа да ја тепаат.Девојчето ми кажа дека тие 5-6 машки секогаш се однесувале така со неа.Не знам дали нешто претходело, но знам што видов.-Враќајќи се од работа мојот 10 годишен син го најдов со лицето на земја а две деца крвнички го тепаа со клоци.-Пет годишно дете почна да го турка  моето 3 годишно дете од лизгалка.Бидејќи моето дете со аутизам и не разбира сакаше само да си игра”-ова се само дел од траумите низ кои поминале родителите и нивните деца.

Врсничкото насилство е сериозен општествен проблем ,за кој ниту една институција не се занимава сериозно,пишуваат родителите.Мораме да признаеме дека се навикнавме да живееме со насилство,како тоа да ни стана дури и рутина,што е крајно поразително како за секој поединец, така и за институциите и општеството во целина-велат еспертите.

Мора да се детектираат вакви состојби преходно, насилни побуди од поединци во училишта и слично, бидејќи сега младите се излезени од системот на една сеопфатна системска државна стратегија за нивни развој.Тие секогаш учат од интернет, секогаш гледаат работи кои повеќе ги возбудуваат, насилство и слично -вели Стефан Буџакоски,универзитетски професор

Нашето однесување е рефлексија на она што сме го научиле во семејстовото како институција ,училиштата и другите релевантни институции, навистина треба да бидеме побудни.Мислам дека прашањето за ова најрелевантните фактори треба не посериозно туку поаларматно и поимператвно да го прифати –вели Љупчо Кеверески, универзитетскиот професор.

Нашите соговорници предлагаат по примерот на Данска, во училиштата да се воведе наставен предмет емпатија, само така децата ќе научат да бидат сочувствителни,бидејќи сега нема училиште во државава каде нема случај на врсничко насилство,кое и ние како поединци и државата молкум го гледаме наместо сите да понесеме одговорност.Кампањите кои што се прават не ги даваат посакуваните резултати, работите треба од корен да се менуваат,додаваат експертите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста