Нема зима за тендерите – државните институуции трошат милиони за услуги, јадење и пиење

Нема зима за тендерите – државните институуции трошат милиони за услуги, јадење и пиење

Кристина Алексиеска

Народните пари лесно се трошат  . Милиони по милиони летаат на тендери .  Вртоглави суми за договори се забележуваат секојдневно на сајтот за јавни набавки  . Само во последниве два месеци се склучиле милионски договори  за чистење снег,  одржување софтвери , кетеринг , хотелски услуги , набавки на кафе и топли пијалоци, како и  набавки  за потребите на државна лотарија.    

Друштво за организирање електронски игри на среќа-Нова Државна Видео Лотарија -НОВО ВЛТ ДОО Скопје склучи договор со приватна фирма за набавка на ВЛТ столици во вредност од  177,568 евра ( 10.920.475,20 денари) за период од една година , а склучен е уште еден договор со друга фирма Фази ДОО Београд за набавка на лед рекламни дисплеи во вредност од 230.839 денари (14.196.617,76).  

Иако се ветуваше дека ќе се штеди, по се изгледа пред крајот на годината , Власта се растроши .  На пример  Управата за јавни приходи склучила договор во вредност од  11,512 евра ( 708.000,00ден)  за услуги за кетеринг за коктел со специфично мени  во време траење од една година.

Носителот на набавката е должен да изврши целосна сервис кетеринг услуга, односно подготовка, сервирање и послужување на храната и пијалокот, наведени во менито . Храната наведена во менито треба да биде сервирана  на начин што е адекватен на коктел за послужување . Носителот на набавката исто така е должен да обезбеди соодветен , комплетен прибор за послужување, ниски и високи маси за послужување на храната и пијалоците и персонал ( најмалку по еден келнер во униформа на секои 20 лица ), стои во Договорот.

И додека во УЈП се  организираат коктели, во Јавното претпријатие за државни патишта очигледно се пие скапо кафе . Минатиот месец

склучиле договор за набавка на  кафе и други материјали за приготвување на топли напитоци за една година во износ од над 11 илјади евра или  708 илјади денари  .

Министерството за финансии пак продолжува да троши на софтвери.

Иако сме една од најзадолжените држави, склучиле договор за орджување на софтвер за управување со јавен долг во вредност од речиси 18 илјади евра ( 17,987 или 1.106,250 денари ) . Една година , ќе плаќаме месечно нешто над илјада евра ( 75 илјади денари без ДДВ ) или 150 денари на час .  А очигледно во Министерството има и доста службени автомобили.  Пред некој ден  се склучил и договор од  над 3.800 евра (236илјади денари ) за регистрација и технички преглед на службени автомобили  

И локалните власти не штедат .  Чистењето снег и мраз годинава во Општина Центар може да ги чини граѓаните околу 7 милиони денари или околу 116,097 евра . Општината склучила договор со приватна компанија во времетраење од 6  месеци за чистење на снег и мраз од коловоз во зимски услови на територија на Општина Центар – Скопје со буџет од најмногу до 7 .140.000 илјади денари со ДДВ .

Ова е само дел од трошењето на народни пари и тоа во изминатиов период . Додека граѓаните се на улица и бараат поголеми плати и пензии, власта нема намера да почне да штеди.  За потсетување, МНР пред извесно време направи милионски договор за набавка на возила за превезување на делегациите за министерскиот самит на ОБСЕ , а првиот дипломат тврди немало да потроши цел милион најверојатно само половина .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста