Повеќе од 24 часа ја нема исчезнатата Вања – потрагата продолжува

Повеќе од 24 часа ја нема исчезнатата Вања – потрагата продолжува

Уште еден обичен училишен ден за 14-годишната Вања.  Утро, тргнува кон училиште.

7:20 Вања излегува од својот дом и се упатува кон училиштето. Има 10-тина минути да стигне до училиштето што и е доволно.

Упатена кон Основното Училиште „Песталоци“, пешачи по прометни улици во период кога многу луѓе одат на работа, а има и голем сообраќаен метеж. Сигналот од телефонот и се губи неколку минути по 7 и пол, во непосредна близина на булеварот „Партизански Одреди“ односно регионот на Дебар Маало.

7:40 Вања не се појавува на првиот час, па наставничката ги известува родителите дека таа е отсутна.  

Родителите речиси еден час се обидуваат да ја добијат на телефон, но без успешно.

Откако родителите не можат да стапат во контакт со 14-годишното девојче, се јавуваат во полиција и почнува потрагата по неа.

МВР со сите капацитети на располагање почнува да ја бара Вања. Прегледани се сите камери, но на ниту една не е забележано изчезнувањето на 14-годишното девојче.

  • За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“ стои во соопштението на МВР.

Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, споделува и на социјалните мрежи, граѓаните кои можат да придонесат за пронаоѓање на девојчето, да помогнат, но без да се шират дезинформации и паника. Ѓорчевска во телефонски разговор за Алфа, вели дека постојано е во контакт со полицијата и ќе испрати јавен апел преку телевизиите доколку надлежните и дадат такви насоки.

  • Во моментот и постојано сум во полиција, истрагата трае и сега не би зборувала. Ако полицијата каже дека е време за јавно обраќање, сите телевизии ќе бидете известени“ вели Ѓорчевска во разговорот.

Вања е облечена во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики. Доколку некој ја видел или слушнал нешто за Вања,мајката апелира да се  извести  полицијата.

https://youtu.be/GAXaFxxcfSM
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста