Самитот на ОБСЕ ќе го блокира пола Скопје

Самитот на ОБСЕ ќе го блокира пола Скопје

Главниот град под безбедносна блокада поради советот на ОБСЕ. Затворен за возила ќе биде булеварот „Илинден“, и тоа, од крстосницата со „Љубљанска“ кај Сити мол, се до Влада. Како и од крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со „8-ми Септември“, кај бензиската, па се до кружниот тек на улицата „Скупи“ кај болницата Систина. Ова значи дека возачите кои гравитираат во овој дел на градот ќе имаат две опции на слободно движење преку улицата Скупи и Пластичарската улица, кон Качанички пат и тамошната индустриска зона. Засега нема најави за блокирање на улиците во останатиот дел на градот, како и насоките кон Меѓународниот аеродром.

Зад мене може да ги забележиме припадниците на единицата за безбедност во сообраќајот, додека спроведуваат генерална проба во пресрет на 30иот совет на ОБСЕ.

Но, безбедносните служби кои не можеме да ги видиме на улиците исто така ќе имаат многу работа периодов, имајќи предвид дека Македонија е домаќин на самит за безбедност, во период на војни.

Што се однесува до автобускиот превоз, од јавното сообраќајно претпријатие, информираат дека изменет сообраќаен режим ќе имаат автобуските линии 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

7ца и 15 наместо по Илинденска, ќе се движат по Партизанска, 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните постојки во Карпош, ќе продолжуваат по улица „Никола Парапуниов“, кај стара телевизија, па преку Љубљанска, ќе се вратат на партизнаска. Додека пак 18, 21а и 118, со целосно изменета рута, по Битпазар, ќе продолжуваат кон булеварот „Никола Карев“, позната како „Пластичарска“ кон Визбегово.

Во среда, автобусите ќе се обраќаат по вообичаен, зимен возен ред, додека пак во четврток, ќе возат според саботен возен ред.

Од МВР велат дека биле максимално подготвени да ја гарантираат безбедноста на сите делегации, како и да го обезбедат нормалното функционирање на сообраќајот во главниот град.

  • „Се што е потребно логистички е обезбедено, сите лица коишто учествуваат од страна на МВР им се направени посебни обуки за да се приспособат на овој настан и на потребите на настанот, кој ќе се реализира според изработениот план“ – Велат од МВР.

Од министерството за одбрана пак, за Алфа велат дека за советот на ОБСЕ ќе се ангажира и армијата.

  • „Согласно побарувањата од МВР за поддршка, ангажирани се околу 300 припадници на Армијата кои ќе бидат во асистенција на МВР како дел од безбедносните протоколи на различни позиции.“ – Информираат од одбрана.

            Скопје ќе биде домаќин на околу 70 делегации, односно околу 1000 дипломати и високи меѓународни претставници.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста