ОБСЕ и ОДИХР денот на изборите го оценија севкупно позитивен

ОБСЕ и ОДИХР денот на изборите го оценија севкупно позитивен

Заедничката набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, како и парламентарното собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент, парламентарните и вториот круг од претседателските избори ги оценија како фер и демократски.

Денот на изборите севкупно беше оценет позитивен и во голема мера се почитуваа процедурите за гласање. Џилијан Ситрк која ја предводеше набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР, рече дека денот на изборите беше генерално мирен и дека процедурите за гласање во голема мера се почитуваа, но биле забележани и случаи во кои избирачките одбори не ги почитувале во целост процедурите во текот на пребројувањето на гласовите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )