Музичка сага со инспекции и пријави – откажан концертот на Саша Ковачевиќ во Штип

Инспекции, кривични и на крајот откажан концерт. Вака заврши неколкудневната музичка сага поврзана со настапот на српската естрадна ѕвезда Саша Ковачевиќ, што на петнаесетти требаше да се одржи Домот на културата во Штип. На само неколку часа пред почетокот концертот беше одложен. Иако навидум станува збор за музика и забава, сепак според директорот Трајков, одложувањето на настанот има политичка конотација.


„Ова е само показна вежба како се злоупотребува моќта и како од позиција на моќ и од финансии може да се дејствува врз една наационална установа и се убиваат сите надежи за подобрување и на европско влијание на културата. Дали српската култура значи дека не е култура„ рече Горан Трајков, директор на НУЦК „Ацо Шопов“.

Голема лавина и доза на контраверзност за овој концерт во јавноста даде и информацијата дека седиштата во салата ќе се вадат, но и ќе се точи алкохол. Поради ова пред дваесетина денови градоначалникот на Штип, Иван Јорданов поднесе и кривична пријава против директорот.
Од Обвинителство информираат дека предметот по налог на Вишиот јавен обвинител на Штип е пренесен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Струмица . Ова следи откако штипски основен јавен обвинител поднел барање за изземање со цел да се отстрани секаков сомнеж во непристрасноста на постапката.

Алфа испрати и прашање до прес службата на српскиот пејач Саша Ковачевиќ, дали со одложувањето на концертот ќе има финансиски пенали за институцијата. Но одговор не добивме.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста