Меѓаши : Децата да се вратат дома

Здравјето на децата пред се, затоа треба  затворање на градинките и целосна онлајн настава во училиштата бара Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Амбасадата смета дека новите мерки на Владата и Министерството за здравство не влеваат доверба а со тоа децата и наставниците се изложени на голем ризик од корона вирусот. Поддршка добиваат и од родителите.

Гледате дека пандемијата продолжува, ковид кризата ги засега многу граѓани, и се соочуваме со првите знаци дека здравствениот систем целосно ќе колабрира, покрај сите напори кои здравствените работници ги вложуваат. Сакаме да наброиме неколку загрижувачки работи од информациите кои ги добиваме во последниот период од граѓаните. Се заоструваат критериумите за хоспитализација на болни лица, станува речиси невозможно болно лице да биде хоспитализирано иако е во лоша состојба се додека состојбата драстично не се влоши вели првиот човек на Меѓаши.

 Од Меѓаши, исто така, велат дека загрижува што и потенцијално заразени дечиња и здрави се прегледуваат во иста просторија. Дополнително на ова на телефоните во болничките оддели и на телефоните на кои се закажува тестирање никој не одговара потенцираат од амбасадата.

Луѓето од потесниот круг на заболените укажуваат  дека не добиваат известување за самоизолација ниту насока како треба да се однесуваат, дали треба да се тестираат итн.. До ДАМ постојано пристигаат барања за помош и донација од медицинскиот персонал за што ние неколку месеци редно одговараме, при што досега најчесто беа барање за донации за заштитна опрема, маски и скафандери но пристигаат барање за волонтерска работа што особено не загрижува. Тоа укажува дека здравствените работници се оставени сами на себе. Има недоволен скрининг на населението вклучително и на наставници од основните училиштата и учителките од градинките, што е причина за голем број случаи на изолација и карантин на децата и наставниците вели за Алфа Драги Змијанац.

Од детската амбасада велат дека недостасуваат информации за бројот на позитивни случаи на деца заразени со ковид-19, нема ниту вкупен, ниту на дневна основа.

Според нив, потребно е итно делување на сите во општеството, тргнувајќи пред се од Владата во насока на мобилизирање на сите ресурси и поставување на здравството како приоритет, вклучително и заострување на мерките.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста