Ниската цена и лошите политики ќе ги извадат на протест производителите на ориз

Ниската откупна цена ги дотолчи оризопроизводителите во кочанскиот регион. Цените  од 15-20денари за килограм оризова арпа се катастрофални и со нив  не можат да се покријат ни најосновните трошоци. Принудени се производството наместо да го продаваат, да го складираат во амбарите..

„ ДА е цената малку повисока ќе биде подобро.  Со оваа цена не може да се покриеме. Да се плати воден надомест,комбајн, ѓубрива, препарати за прскање и за нас нема да остане ништо „- вели Влатко Донев, оризопроизводител

Поради ненавремено пуштање на вода, годинава со жетвата се доцни речиси месец дена. Револтираните земјоделци прстот го вперуваат во водостопанското претпријатие.

 „ Касно ни ја пуштија водата. Кога треба да пуштат вода, тие тогаш ги чистат каналите. Ние бараме на 25април да ни пуштат вода, а тие пуштаат околу 20мај. Ни се намалува производството и жетвата доцни „ – изјави Лазо Паризов, оризопроизводител

Состојбата од година во година станува се полоша, а ветувањето за повисока откупна цена, остана само изборно ветување, објаснуваат од Иницијативниот одбор  на оризопроизводители од каде што по завршувањето на жетвата најавуваат масовни протести…

  „2014 Николовски беше министер за земјоделие. Тој го кажа следното Во колку дојдеме на власт најниската откупна цена ќе биде од 25 до 30денари. За жал од сето тоа нема ништо.Првите два-три месеци цената беше висока, но како завршија изборите, така цената падна „-изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор .

Поради лошите земјоделски политики се намалува производството на ориз. Од над 5000, годинава под ориз се посеани само 3200хектари. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста