Ковачевски: Вработувањата не се предизборен поткуп, изборите се дури во мај

Ковачевски: Вработувањата не се предизборен поткуп, изборите се дури во мај

Не било предизборно вработување што на 4 месеци пред гласањето се отворени купишта нови огласи за работа, а и дури сега се решава статусот на над 1000 вработени во здравствениот сектор, смета премиерот Ковачевски. Иако, овие луѓе после изминатите години молеа за слух од надлежните, протестираа – сега предизборно, добија решенија за трајно вработување.

Тоа што тек сега им текна, во 5 до 12, дека треба да се позанимаваат со луѓето кои работат по болниците со договори на дело и хонорарно, а воедно и да ги отворат ширум вратите по електраните и другите инститции под државна капа, Ковачевски се правда не било заради изборите. Изборите биле дури во мај.

Не се работи за никакво предизборно вработување бидејќи тоа се веќе луѓе кои се во тие институции и сите кои одиме јавното здравство сме се сретнале со нив, вели Ковачевски.

Зошто се чекало дури до сега за да се реши проблемот особено со вработените во јавното здравство, Ковачевски вели, заради буџетот, а не дека има заднина и политичко влијание.

Затоа што имаше, во текнот на изминатиот период, беа напревени пренамени на буџетот се одвоија финансиски средства исто така и за голем број на инвестиции. Вие може да ме прашате зошто владата одвои 32,5 милиони за 44 општини и 66 проекти, дали е тоа во предизборни цели, пак ќе ви одговорам не е во предизборни цели,вели Ковачевски.

Иако не објасни зошто сега го прават она што како опозиција жестоко го критикуваа, а тоа е предизборниот фолклор на вработувања, премиерот најде за сходно да каже дека избори цело време имало.

Избори ќе има во мај, после избори пак ќе има во 2025 локални избори, бидејќи истече и мандатот на градоначалниците, кај и да е, ништо не направија, најголемиот дел, меѓутоа отиде мандатот, , вели Ковачевски.

Инаку вчера министерот за здравство и премиерот се пофалија дека конечно го решиле проблемот на 1117 вработени без решенија. А претходно беа објавени над дури 500 вработувања во државните електрани, 80 огласи за работа во Агенцијата за администрација, 41 нов работник се бараат и во Фондот за здравство, 15 нови му требаат на Османи во МНР, девет нови кадри ќе има и во транспорт и врски, осум во Министерството за информатичко општество, исто толку и во Општата болница во Велес. А Како врв на случувањата, е и предлогот на Владата односно на министерот на финансии кој предлага од 1ви јануари секое министерство, претпријатие, акционерско друштво, агенција, општина сама да го прави планот за вработување, односно повеќе да нема потреба да добиваат дозвола од министерството за финансии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста