Функцијата „прв вицепремиер“ одеднаш за Ковачевски стана неважна иако СДСМ ја „измисли“ за политички потреби

Функцијата „прв вицепремиер“ одеднаш за Ковачевски стана неважна иако СДСМ ја „измисли“ за политички потреби

Талат Џафери премиер, Артан Груби прв негов заменик – вака најверојатно ќе изгледа преодната Влада од 29 јануари. Наместо конкретен одговор дали Груби ќе остане на функција, aктуелниот шеф на Владата констатираше дека тоа место не било многу значајно и не требало да биде експонирано. Но се поставува прашањето, како таа функција стана толку неважна, кога во политичкиот систем, ја воведе токму Владата на СДСМ.

Па јас сметам дека таа функција и не е толку значајна па за да биде толку експонирана. Сепак тој е еден од вицепремиерите – одговори кратко премиерот.

А премиерскиот оптимизам расте како предновогодишна еуфорија. Социјалдемократите според сите досегашни анкети имаат најнизок рејтинг, но Димитар Ковачевски е убеден дека ќе победи на изборите. Иако бројките индицираат пораз на СДСМ, сепак Ковачевски со намевка и гордо вели ќе правел влада.

Јас сум исклучително мотивиран човек, човек кој секојдневно работи не седам во штаб и да цртам анкети за да ни биде поубаво ние сме на терен со граѓаните со нови проекти знаат да го препознат и на крај ќе бидеме пиобедници тие анкети од тие извори имаше опозицијата на сите избори па се покажаа тотално погрешни – рече Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ реаираат дека нема истражување на јавното мислење кое не покажува дека рејтингот на власта стрмоглаво паѓа и дека огромно мнозинство од граѓаните мислат дека Македонија со владата на Ковачевски оди во погрешен правец.

Легендата вели дека Димитар Ковачевски уживал дури 50% доверба во една поголема скопска општинска организација на СДС. После таа анкета тој престанал да чита анкети и да се распрашува колкава доверба ужива меѓу граѓаните. Најдобрата анкета за ставот на граѓаните се претстојните избори. Во Македонија никогаш не било полошо. Државата има најнизок раст на БДП во регионот, долгот ги руши сите рекорди, а околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија. Криминалот и корупцијата цветаат, а судството и обвинителството се впрегнати во јаремот на оваа Влада само и само функционерите да крадат а институциите да молчат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме партиите се подготвуваат за техничката Влада. СДСМ изминативе денови завршиле со сите процедури околу имињата на министрите кои ќе бидат дел од преодната влада а во скоро време треба да заседаваат и највисоките партиски органи на ВМРО-ДПМНЕ околу ова прашање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста