КОМЕНТАР: Груби е „слаб на спорт“, Џафери на торта и пури институционалната (не) култура на интегративците на дело

КОМЕНТАР: Груби е „слаб на спорт“, Џафери на торта и пури институционалната (не) култура на интегративците на дело

Пет дена пред да седне на премиерското столче, собранискиот спикер Талат Џафери во подскаст за Слободен печат, се пофали дека сите кои го познаваат знаат дека е институционалиста и има етика на однесување. По само неколку дена на денот кога беше избран за технички премиер, во собранискиот кабинет слави со пури и виски како да е во кафеана, заедно со сопартијците од ДУИ.

Непосредно пред да ја преземе премиерската функција, Џафери уверуваше дека тој има поразличен менталитет од министерите на ДУИ кои играа фудбал и кошарка во министерството на Артан Груби, за само неколку дена наместо фудбал, сечеше торта со семејството, како да е дома.

Имено, на седницата на која Џафери беше избран за премиер крајот на јануаери,  новинарите од Албанија кои беа дојдени да ја следат собраниската седница, добија третман на дипломати па беа седнати во ложата каде вообичаено седат амбасадорите. Домашните новинари не беа пречекани како амбасадори.

Ништо поразличен не е ни односот на министерот Бујар Османи. Партиските информации на ДУИ ги шират портпаролите платени од државни пари, во овој случај еден од членовите на ПР тимот на Министерството за надворешни работи. Преку официјалната вибер група на МНР за комуникација со медиумите, новинарите во јули ланската година беа известени дека Бујар Османи добил нова партиска функција.

Мешањето на партијата и државата предизвика негативни коментари кај дел од новинарите, кои реагираа и дека ПР тимот на Османи не покажува ваква ажурност кога станува збор за новинарските прашања околу работата на МНР.

Министерството,пак на Артан Груби по потреба станува и партиски штаб на интегративците, каде Али Ахмети си ги остварува своите средби. Така беше и лани во јули кога тој се сретна со претставнците на Вајмарската тројка.

Во министертвото на Груби во екот на пандемијата се славеше и роденденот на лидерот без гостите да ги почитуваат протоколите, па беа казнети со 20 евра. Кај него, министрите на ДУИ играа кошарка и фудбал. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците нема проекти, ама има вдомено 400 луѓе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста