Анализа: Стартот на кампањата за парламентарните избори навестува жестока битка

Ден за загревање, вака аналитичарите го коментираат стартот на кампањата за парламентарните избори, кој се поклопи со кампањата за претседател на државата. Очекуваат вжештување на реториката, но предупредуваат дека негативната кампања може да им се врати како бумеранг на политичарите.

Според политичкиот експерт, Синиша Пекевски добро е што се слушаат пораки од одредени лидери за национално обединување.

Генерално не очекувам некакви драстични промени во нивните настапи.Освен она искрено што ми се допадна е тоа што една политичка партија рече дека нема да ги напаѓа своите конкуренти, тоа е добар пример. А од друга страна не ми се допадна тоа што видов неинвентивни спотови и кампањи и тoтално лош избор на промотивен настапизјави Синиша Пекески, политички аналитичар.

Според аналитичарот Сефер Селими ниту оваа кмапања не е поразлична од претходните во делот на реториката кога се во прашање националните интереси, но дека главно валканата игра се води преку социјалните мрежи.

Очигледно е дека имаме негативна кампања.Во сите кампови сите со свој нератив би сакале да го наметнуваат…од една страна македонската опозиција се фокусира во стариот наратив на патриоти и предавници, СДСМ и нивната коалција се фокусира на европејци и кочничари на евроинтеграциите кај албанскиот блок опозицијата ја тера старата песна на промени, а ДУИ во фокус го држи антизападниот елемент кај одредени политички актери вели Сефер Селими, аналитичар.

Прв пат во историјата на Македонија с епреклопуваат кампањите за претседателските и парламнетраните избори. Канидатите за шеф на државата имаат уште четири дена да ги претстават своите платформи пред граѓаните. Истовремено, кампањата за изборите за пратеници ќе трае до 6 мај, по што ќе започне дводневниот молк пред 8 мај – денот на одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста