Источна Македонија целосно обоена во опозициска боја
Вистински дебакл во третата и четврта изборна единица доживеа СДСМ во првиот круг од претседателските избори. Градовите кои важеа за нивни сигурни бастиони им паднаа во вода. Убедлива победа кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова има и во Струмица, град кој се до вчера беше еден од центрите на социјалдемократите. Во тројката разликата меѓу Сиљановска Давкова и Пендаровски е околу 45.000 гласа. Во Македонска Каменица, Максим Димитриевски освои повеќе гласови од Пендаровски, а во Виница и Кочани Сиљановска Давкова води двојно. Пендаровски изгуби и во општините каде СДСМ цели седум години ја имаа локалната власт.
Гордана Сиљановска-Давкова Стево Пендаровски
Берово 3110 1834
Пробиштип 4105 2336
Крива Паланка 5002 4486
Иста е ситуацијата и во четвртата изборна единица. Во Струмица која важеше за сигурна гласачка машинерија во корист на СДСМ, во првиот круг на овие избори се покажа спротивното. И овде Сиљановска Давкова убедливо води. Дури 47,06% од гласачите гласале за нејзе, а 35,90% за Пендаровски
Освен во Струмица, СДСМ помина лошо и во Дојран, Валандово, Богданци, Демир Капија, Росоман и Кривогаштани, градови каде локалната власт е токму во нивните раце.
Гордана Сиљановска -Давкова Стево Пандаровски
Струмица 11808 9008
Дојран 910 560
Валандово 2885 1871
Богданци 1781 1075
Александра Ристевска