Институциите молчат за предупредувањата дека граѓаните се можна цел на нелегално снимање и прислушување

Институциите молчат за предупредувањата дека граѓаните се можна цел на нелегално снимање и прислушување

Нема институционална реакција ниту по предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека граѓаните се под закана за прислушување. Најголемата опозициска партија соопшти дека од т.н. свиркачи добила загрижувачки податоци кои откриваат потенцијална злоупотреба на опремата која се наоѓа во Оперативната техничка Агенција „ОТА“, која патем била набавена без соодветно одобрение од МВР. Експертите сметаат дека треба да сме загрижени.

Македонските граѓани треба да бидат загрижени дека власта може незаконски да ги снима и прислушува, алармираат експертите. Алармот кој го вклучи опозицијата, на чија адреса присттигнале конкретни информации од загрижени т.н. свиркачи, според поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски е многу сериозен. Според него, повеќе од јасно е дека власта спротивно на Уставот и законите снима и прислушува комуникации на граѓани. Тој е загрижен дека работите можат многху лесно да излезат од контрола.

  • Повеќе од јасно е дека власта спротивно на Уставот и законите ги снима и ги прислушува комуникациите на граѓаните. Сметам дека обвинувањата од опозицијата дека македонските граѓани се под закана за прислушување, се точни и издржани. И тоа сега се прави кога работите излегуваат од контрола, вели за Алфа, поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски.

Дополнително што создава немир според Зафировски се и информациите за отсуство на контрола врз Агенцијата „ОТА“, за што како што вели, и самиот министер за внатрешни работи кажал дека периодов бил таков.

Алармот дека граѓаните можат многу лесно да станат мета на снимање и прислушување го вклучи пратеникот Игор Јанушев. Тој откри загрижувачки информации и сподели податок дека опремата во ОТА била набавена без одобрение од МВР.

  • Првите сигнали се од свиркачи. ОТА бара тоа и тоа, а со тоа ќе се овозможи масовно прислушување, за невидено прекршување на законот. Оваа опрема е купена без одобрение од МВР. Нее точно дека не знаеле дека се купува опремата, вели меѓу другото за Алфа, Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. 

Инаку, Оперативно-техничката Агенција „ОТА“ беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста