Институциите како раштиман оркестар за вакцинацијата, родителите во прашалници, градинките полипразни

Институциите како раштиман оркестар за вакцинацијата, родителите во прашалници, градинките полипразни

Раштиман институционален оркестар за вакцините. Министерот едно, Комисијата друго, родителите збунети.

Демири вели дека само со три примени дози ДиТеПер согласно возраста децата може да одат во градинка, останатите не. Додека препораките на Комисијата за заразни болести се да не се примаат невакцинирани или нецелосно имунизирани деца со вакцина за пертусис. Но и натаму останува нејасно за родителите, дали децата кој поради оправдани причини не примиле трета доза и истата им е закажана  пример за во мај можат да си ги однесат децата во градинка.

Откао се донес еодлука инспекторите да влегуваат градинките и создаде тортален хаос кое дете може да оди во градинка, а кое не, допрва ќе с еправел план за да се расчистат сите нејаснотии.

Дали децата што немаат примено ревакцина може да одат во градинка треба да кажат Комисијата за заразни болести и ДСЗИ. Да не падне сензибилитетот за кампањата за вакцинација, овие формалности ќе се решат утре по состанокот на Комисијата“ рече Демири.

Родителите реагираат дека апсурдна е одлуката и им укажуваат на надлежните дека едно бебе до 18 месеци за да ги прими сите дози, треба да е здраво, а ако се разболи вакцинацијата се одложува. Тоа значи дека бебето на 18 месеци ќе доцни со дозите и покрај желбите на родителите, сепак имунизацијата се одложува. Па прашуваат како се носат вакви одлуки.

Министерот жали што одредени деца со задоцнување се вакцинирани, но нема прецизен одговор што во ваквите случаи.

„Вакциниран подразбира дека детето има примено три дози, се смета за некомплетно вакциниран ако не ја примил третата доза, дали е ревакциниран тоа е друго прашање. Сакам да бидам концизен и да не излегуваме со различни ставови, ќе има еден став до кој сите ќе се придржуваме“, изјави министерот.

Инаку, скопските градинки се преполовени по одлкуката на министерот за здравство да не се примаат невакцинирани или нецелосно имунизирани деца со ДиТеПер. Првичните резултати од контролите на ДСЗИ покажуваат дека скоро 50 проценти од децата на предучилишна возраст ги немаат сите вакцини за заштита од голема кашлица. Состојбата пак во другите градови го задоволува опфатот за колективен имунитет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста