За изборите акредитирани се 1.999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари

За изборите акредитирани се 1.999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари


Безмалку 2 000 набљудувачи, домашни и странски новинари и преведувачи ќе ги следат двојните избори на 8 мај во земјава. За следење на вториот круг од претседателските и изборите за пратеници се акредитирале вкупно 1 999 набљудувачи од кои најбројни, или 1 078, се домашни. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи, 66 странски новинари, а ангажирани се и 85 преведувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најмногубројни, или 752 набљудувачи, се ангажирани од здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“.

Изборите ќе ги следат и 138 набљудувачи од парламентарното собрание на ОБСЕ, ад хок комисијата на парламентарното собрание на Советот на Европа со 33 набљудувачи, како и 68 набљудувачи од амбасадата на САД во Скопје. Акредитирани за следење на двојните избори се и 66 странски новинари и медиумски работници




 



КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )