Народниот правобранител ќе го истражува случајот со Александар Јаневски -Тошта

Народниот правобранител ќе го истражува случајот со Александар Јаневски -Тошта

Институциите конечно се размрдаа откако Алфа обелодени за тортурата и изживувањето врз осуденикот од случајот 27 април Александар Јаневски Тошта. Омбдусманот ќе влезе во штипскиот затвор да истражи зошто тој е казнет со самица и го третираат како се дал во бегство, а всушност Јаневски бил во охридската болница за да му го вградат 5-иот стент на срцето.

Сопругата Тања Јаневска поднела претставка до Народниот правобранител, а оттаму инфомираат дека веќе се екипираат за да влезат во затворот и да проверат што се случува со Тошта.

Примена е претставка за лицето за кое прашувате и во тек е постапка за овој случај.Тоа значи дека ќе се зборува со затворската управа во Затворот Штип да се   утврдат   наводите   во   претставката,   ќе   се   бара   одговор   и   од   Управата   за извршување на санкции, а веќе е контактирана и сопругата на лицето  бидејќи дел од претставката се однесуваше и на барањето за обавување разговор со нејзе, oдговор од кабинетот на Народниот правобранител.

Во меѓувреме затворските власти во Штип се уште го држат Јаневски Тошта во амбуланта поради неговата здравствена состојба и ја немаат спроведено казната, информира неговата сопруга Тања. Таа вели дека затворот нема ни соодветно возило да го спроведе на контрола во Охрид, а доколку го стават во самица стравува дека тоа би било фатално за него.

Сопругата на Тошта неколкупати излезе јавно и свдочеше за тортурата која ја преживува нејзиниот сопруг во затворот. Потоа доби и закани од затворските власти во Штип каде што преку нејзиниот сопруг и беше пренесено дека ако уште еднаш даде изјава – Тошта ќе биде спроведен во самица.

Претходно, затворскиот директор Мики Тодоров се правдаше дека секој може да донесе документација и да злоупотребува, но постоел закон според кој затворот се водел. Алфа се обиде да го контактира и денеска во врска со заканите за кои раскажува Јаневска, но директорот не возраќа на повиците и пораките.

Александар Јаневски Тошта е еден 16-те осуденици за настаните во Собранието што се случија на 27 април 2017-та . Додека македонската јавност ги нарекуваше патриоти, власта и судот ги обвини и осуди за најтешкото дело против безбедноста на државата тероризам. Јаневски лежи 13 годишна затворска казна.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста