Грковска за местењето тендери во лотарија вели си имало надлежни институции

Грковска за местењето тендери во лотарија вели си имало надлежни институции

Државна лотарија ја „тресат“  сомнежи за корупција и криминал, а вицепремиерката која треба да спроведе политики за добро владеење   како по навика вели дека нема механизам што да направи .  Со месеци се обелоденуваат и се прашува за сомнително делење на тендери, но Грковска се правда дека нејзиниот кабинет нема како да постапи и ги повика истражните органи да постапат . Таа ги охрабри и  новинарите да продложеле со истражувањата кои откривале криминал и корупција.

Очекувам истражните органи веднаш да преземат мерки заради тоа што тие имаат обврска да делуваат и по допрен глас. Ние како Кабинет, за жал, не сме истражен орган и тука не би можеле да имаме надлежност, рече Грковска.

Последниот сомнеж  кој ја „ стресе“ лотарија е дека 19 годишен кумановец ќе набавува апарати за коцкање за Државна лотарија.  Фирмата на адолесцентот – претприемач  Фљамур Невзатовски се офајди со тендер од 204.825 евра .

Но тоа не е се . Јавноста уште не добила одговори за наводите дека Државна лотарија која е предводена од поранешниот шеф на кабинет на Артан Груби, Прпарим Бајрами изнајмила деловен простор по 21 илјада евра месечно и тоа за период од 10 години  или договор тежок 2,6 милиони евра со компанија блиска на ДУИ.

Друга фирма доби тендер во Државна лотарија , која е блиска до Арбериа Дизајн, фирмата која е меѓу омилената на ДУИ и која редовно добива тендери од Владата .  Компанијата Медиа Груп ДООЕЛ и Арбериа Дизајн биле регистрирани на иста адреса во Тетово, а склучиле посебни договори за јави набавки со Државна лотарија и тоа во ист ден .

И по сите вакви наводи кои се пишуваат во медиумите , истражните институции се уште немаат посегнато да ги истражат дали се вистинити или не .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста