Антикорупциска контра Лазаревски: Има докази за незаконско работење во агенцијата за филм

Антикорупциска контра Лазаревски: Има докази за незаконско работење во агенцијата за филм

Антикорупционерите имаат докази за незаконското работење на директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски потпирајќи се на финансиската ревизија во неговиот мандат. Селективвно  одбирал филмски проекти кои треба да се спонзорираат, вработувал луѓе кои не се ни појавиле на работа,  незаконски давал пари на Друштвото на филмските работници и со службена картица ја шетал сопругата на Канскиот фестивал. Со овие обвинувања Антикорупциска му возврати на директорот Лазаревски откако вчера на пресконференција се изјасни за невин.

Утврдено е дека службеното возило го чува надвор од кругот на Агенцијата, вработува лица по договор за дело за кои нема евиденција дали се појавиле на работа ниту извештај за завршената работа, влијае субјективно на доделувањето средства на филмските проекти, исплаќа средства на Друштвото на филмски работници без законска основа.  За ова лице со свои наоди се изјасниле и други државни институции.  Сите овие наоди се утврдени и докажани, а дополнително потврдени од неколку државни институци.

Лазаревски вчера негираше дека сопругата ја шетал на државна сметка. Прво рече дека биле сместени ен во Кан, туку за поевтино на 15 километри подалеку, но потоа се поправ, па дообјасни дека патувањето го платил самиот.

„Јас пак ќе ви кажам. Се што имаше сметки беа доставени беа одобрени од финансискиот сектор. Јас пак ќе ви акжам, јас во Кан не сум претстојувал, јас сум претстојувал на 15 километри од Кан. Зошто? Затоа што хотелското сместување во Кан чини два до три пати повеќе од онаму кадешто бев сместен, вели директорот Бојан Лазаревски.

Иако многумина гледаат корупција и незаконитост во директорувањето на Лазаревски, тој изјави дека е изнендаден и шокиран од обвинувањата на институциите  бидејќи очекувал пофалби за неговата работа и успехот на Агенцијата за филм.

Дека во работењето на Агенцијата има криминал алрамираа неодамна и бројни филмски работници. Режисерот Милчо Манчевски обвини дека Агенцијата е претворена во дувло на криминал и неспособност, додека пак, режисерот Јани Бојаџи алармираше дека се финансираат проекти само на уметници подобни за власта.

Инаку директорот на Агенцијата е назначен на функцијата иако нема никаква врска со филм, и доаѓа со претходно искуство од банкарскиот сектор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста